Придружете се на нашата работилница и направете чекор кон подобро ментално здравје!
Датум: 26.09.2024, четврток
Времетраење: 2 часа (17:00 – 19:00 часот)
Локација: ПОРАКА НОВА – БИТОЛА, ул. Климент Охридски бр. 8
Тема: Работилница за подигнување на свеста за менталното здравје и заедничко пронаоѓање на стратегии за справување со менталните предизвици
Рок за пријавување: 24.09.2024
Секој од нас се соочува со разни предизвици, поголеми или помали, но најчесто не знаеме како да го одбереме правилниот начин за да ги надминеме.
Време е да почнеме да зборуваме за нив – заедно. А нашата работилница за ментално здравје ќе ви го овозможи тоа. заедно ќе споделуваме, ќе учиме, ќе си дадеме меѓусебна поддршка и ќе креираме емпатична средина.
Што да очекувате?
1. Споделување анонимни искуства и совети
2. Креативни активности за подобрување на менталното здравје
2. Креативни активности за подобрување на менталното здравје
Зошто да учествувате?
- Ќе сфатите дека не сте сами во своите предизвици и борби.
- Ќе добиете практични совети за справување со стресот, анксиозноста и други ментални предизвици.
- Ќе имате можност креативно да се изразите и да научите да го препознаете и креирате вашето „безбедно место“.
- Ќе бидете дел од поддржувачка заедница која го разбира и почитува вашиот пат.
Не ја пропуштајте оваа можност за поврзување со себеси и другите. Пријавете се и направете чекор кон подобрување на вашето ментално здравје!“
Како да се пријавите?
Настанот е отворен за сите возрасни групи, без ограничувања. Бројот на учесници е ограничен.
За да се пријавите за уќество пополнете ја апликационата форма ТУКА.
Recent Comments