Здружението Нови Генерации Социјални Иноватори за Инклузија Порака Нова од Битола објавува повик за ангажирање надворешни консултанти за пишување и развој на проектни апликации во рамки на различни програми на Европската Унија и други меѓународни донатори.
Бараме искусни професионалци кои имаат солидно познавање и практично искуство во пишување и развој на проекти за програми како: Erasmus+, CERV, Horizon Europe, Forward-Looking Projects (FLP), IPA, AMIF, Digital Europe, Creative Europe, како и други фондации и меѓународни донатори.
Покрај пополнување на апликациските формулари и развој на буџет, очекуваме ангажираниот консултант да поседува знаење и искуство со целокупната процедура на аплицирање и развој на проектна идеја, структурирање на работни пакети, логичка рамка, дефинирање на импакт и индикатори, структура на менаџмент, ризик план и останати елементи од апликацискиот пакет.
Сите заинтересирани кандидати треба да достават:
- Понуда за услуги – детално опишани кои услуги ги вклучува понудата, како и ценовник според вид на услуга (по апликација, по час, фиксна цена и сл.).
- Професионална биографија (CV).
- Листа на одобрени проекти во кои сте биле директно вклучени како апликант или консултант.
- Контакт од референтни организации за потврда на наведеното искуство.
Напомена: Понудите ќе се разгледуваат според релевантност на искуство, квалитет на досегашни резултати, пристап кон работата и финансиска понуда.
Вашата апликација испратете ја најдоцна до 30 Јуни 2025 година на contact@porakanova.org со назнака:
„Надворешен консултант за ЕУ проекти – апликација“
За сите дополнителни информации, можете да не контактирате на contact@porakanova.org.
Со почит,
Тимот на Порака Нова – Битола
Recent Comments