Датум: 31.10.2024
Времетраење: 2 часа (17:00 – 19:00 часот)
Тема: Работилница за поттикнување на самодовербата преку позитивни зборови и комплименти
Рок за пријавување: 30.10.2024

Пријавување: Сите заинтересирани учесници треба да се пријават на следниот ЛИНК.

Од вас за вас!

И овој месец продолжуваме со работилниците за менталното здравје, а овој пат ќе ја прошириме темата за „Менталното здравје и самодовербата: Уметноста на убавите зборови“
Во оваа работилница, ќе се фокусираме на начини за подобрување на самодовербата преку позитивни искуства и поддршка од другите.

Придружете се на нашата работилница и направете чекор кон подобро ментално здравје!

Зошто да учествувате?

• Ќе сфатите дека секој од нас има уникатни и позитивни карактеристики.

• Ќе добиете поддршка од заедницата и ќе научите нови начини за градење самодоверба.

• Ќе имате можност да ги подобрите вашите комуникациски вештини и да се поврзете со другите.

 

Не ја пропуштајте оваа можност за поврзување со себеси и другите. Пријавете се сега и направете чекор кон подобро ментално здравје!

Pin It on Pinterest

Share This